• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Кливленд триумфира на гостувањето кај ЛА Лејкерс

Кливленд триумфира на гостувањето кај ЛА Лејкерс

Лос Анџелес, 20 март 2017 (МИА) – Кошаркарите на Кливленд ноќеска остварија победа на гостувањето кај ЛА Лејкерс со 125:120, а триото на шампионот Кајри Ирвинг, Леброн Џејмс и Кевин Лав постигнаа повеќе од 100 поени (101).

Ирвинг беше најдобар стрелец на дуелот со 46 поени, Џејмс постигна 34, а Лав 21. Во редовите на ЛА Лејкерс Д‘Анџело Расел „уфрли“ 40 поени.

Најефикасен на дуелите одиграни ноќеска беше Дамјан Лилард од Портланд кој постигна 49 поени (9 тројки) и ја предводеше својата екипа до победа на гости кај Мајами.

Резултати на ноќешните дуели:
Бруклин – Далас 104:111,
Филаделфија – Бостон 105:99,
Детроит – Феникс 112:95,
Њу Орлеанс – Минесота 123:109,
Торонто – Индијана 116:91,
Мајами – Портланд 104:115,
Сан Антонио – Сакраменто 118:102 и
ЛА Лејкерс – Кливленд 120:125.

Пласман Источна конференција: Кливленд 46-23 (победи-порази), Бостон 44-26, Вашингтон 42-27, Торнто 41-29, Атланта 37-32, Индијана 35-34, Милвоки 34-35, Детроит 34-36, Мајами 34-36,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 55-14, Сан Антонио 53-16, Хјустон 48-22, Јута 43-27, ЛА Клиперс 41-29, Оклахома Сити 40-29, Мемфис 40-30, Денвер 33-36,... мн/зс/10:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...