• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Барселона сигурна во дуелот со Валенсија

Барселона сигурна во дуелот со Валенсија

Барселона, 20 март 2017 (МИА) – Фудбалерите на Барселона синоќа со 4:2 ја совладаа Валенсија на последниот натпревар од 28.коло од Примера.

Гостите поведоа со 1:0 со голот на Елиакуим Мангала во 29.минута. Барселона изедначи во 35.минута преку Луис Суарез, а Меси во 45.минута реализираше пенал за водство од 2:1. На пеналот претходеше исклучувањето на Мангала. Валенсија изденачи во дополнувањето на првиот дел (45+1.минута) со голот на Мунир. Меси на почетокот на вториот дел донесе водство за својата екипа, а конечните 4:2 ги постави Андре Гомеш во 89.минута.

Резултати од 28.коло од Примера:
Барселона – Валенсија 4:2,
Леганес – Малага 0:0,
Атлетико Мадрид – Севиља 3:1,
Хихон – Гранада 3:1,
Депортиво Ла Коруња – Селта 0:1,
Бетис – Осасуна 2:0,
Алавес – Реал Сосиедад 1:0,
Атлетик Билбао – Реал Мадрид 1:2,
Еибар – Еспањол 1:1,
Лас Палмас – Виљареал 1:0.

Табела: Реал Мадрид 65 бодови, Барселона 63, Севиља 57, Атлетико Мадрид 55, Виљареал 48, Реал Сосиедад 48, Атлетик Билбао 44,... мн/зс/08:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...