• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Втор снежен бран во источна Македонија

Втор снежен бран во источна Македонија

Штип, 11 јануари 2017 (МИА) - Вториот снежен бран најмногу снег донесе во беровскиот регион. Техничкиот раководител на ЈП „Македонија пат“ - Штип, Кире Коцев вели дека утринава во Малешевискиот регион  имаат нова снежна покривка од 15 сантиметри. Тој забележува дека и покрај снежните врнежи во источна Македонија од утринава се исчистени сите магистрални и регионални патни правци.

-Во моментов немаме никаква забрана за сообраќај, од тие причини може да се каже дека патиштата се проодни во зимски услови. Возачите задолжително да си носат зимска опрема и без неа да не тргнуваат на пат, вели Коцев.

Тој додава дека регионалниот патен правец до планината Плачковица е исчистен, но за локалните патни правци до неколку села , тие не се задолжени за чистење. Жителите на плачковичките села за чистење до нивните села треба да се обратат до општините.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ постојано го чистат и патот до ски центарот Пониква

-Тој патен правец е еден од најодржуваните и најчист пат, иако нон стоп врне, но е прооден за сообраќај, рече Коцев.

Регионалната подружница на ЈП Македонија пат-Штип има абразивен материјал и сол, но од утре ќе пристигнат нови количини по пунктовите во источна Македонија. Солта за патиштата се очекува да пристигне деновиве. вдј/бк/13:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Роднини на уметницата Кало ја спречија продажбата на куклата „Фрида Барби“

Роднини на познатата мексиканска уметница Фрида Ка...

Редици во Лондон да се купи крофна-бургер

Крофна-бургерот го привлече вниманието на лондонча...

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...