Со посебен софтвер ќе се следи како се трошат парите за рамномерен регионален развој

Со посебен софтвер ќе се следи како се трошат парите за рамномерен регионален развој

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) -  Владата со софтверско  решение ќе утврдува колку и како се трошат парите што се наманети за обезбедување регионален рамномерен развој. 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев истакна дека со организиран пристап ќе се врши рамномерна распределба на средствата во регионите. Доколку не се преземат мерки за надминување на разликите во нивниот развој,  како што оцени денеска, во државава ќе има три големи градови во кои сите ќе сакаат да живеат, а останатите ќе бидат празни.

- Ако денес сакаме да видиме информација дали одвојуваме  доволно средства како што кажува и законот, односно еден отсто од БДП за рамномерен регионален  развој, не можеме да видиме дека е тоа така бидејќи тие средства се распределени по сите институции и не можеме да видиме дали навистина тие средства се одвојуваат или не. Со овој софтвер ќе ја знаеме бројката на средства и како се распределени, рече Анѓушев.

ИТ алатката ќе се изработи во соработка со швајцарската Влада како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ што ќе се спроведува до крајот на 2020 година. Формирана е проектна единица која ќе подготви документација и ќе распише постапка за избор на компанија која ќе го изработи софтверот.

- Не смее да се повтори ситуација во која во град Скопје ќе потрошиме 800 милиони евра за да направиме супер модерен град, барок итн, а притоа само 18 проценти од државата да биде покриена со канализациски систем, или пак  да направиме систем како „Злетовица“  во кој сме потрошиле 100 милиони евра, но не сме прилагодиле општините да ја користат таа вода и сега системот не е функционален, таквите грешки не смееме да ги повторуваме, укажа Анѓушев.

Како што нагласи амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефан Томаџан, проектот е продолжение на активностите што со поддршка на швајцарската Влада се спроведуваат во државава од 2012 година.

- Потребно е да се алоцираат буџетски средства согласно  потребите на планските региони, меѓутоа потребно е подеднабвао и поефиаксно баначнсирано  финансирање како на хоризонтално така и на вертикално ниво во тек на подготвување и спроведување на  националните програми за развој. Потребно е исто така подобрување  на механизмите за идентификување и мониторирање на финаниската распределкба и другите мерки за поддршка и за спроведување регионални проекти, рече Томаџан.

Според министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, новиот систем треба да обезбеди знајчајни и навремени информации за сите носители на регионалниот развој. - Важно е што ќе се обезбеди вклучување на граѓаните во определување на приоритетите во планските региони согласно нивните потреби, рече Фазлиу.

Тој очекува ефекти од проектот уште следната година, за кога најави дека Министерството за локална самоуправа ќе почне подготовка на стратегија за регионален рамнорен развој, како десетгодишен плански документ.лв/са/14:51

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...