Филипче: Пред нас е историски момент за евроатлантска интеграција

Филипче: Пред нас е историски момент за евроатлантска интеграција

Струга, 14 септември 2018 (МИА) - Процесите кои и претстојат на нашата земја се исклучително важни. Ова се историски моменти и можност за приклучок во НАТО и Европската унија, кои не смееме да ги пропуштиме, им порача денеска на стружани министерот за здравство Венко Филипче.

На средбата со граѓаните на Струга и Вевчани, тој изрази уверување дека треба да сме горди што токму на оваа генерација и припадна можноста конечно да се заокружи независноста и да се обезбеди иднината на нашата земја.

- Со евроатлантската интеграција на Македонија не се гарантира само стабилноста и безбедноста, туку се обезбедува и економски напредок, а со тоа како и во сите други сектори ќе се почувствува и во здравствениот, подвлече Филипче.

Тој информира дека во разговори претставници на ЕУ најавиле дека се планира за две до три години формирање посебен сектор здравство во ИПА фондовите.

– Ние сме цврсто уверени дека сето ова што ни претстои, нашата интеграција кон евро-атланските структури ќе значи не само подобар економски напредок, туку и подобро здравство за сите граѓани. Со тоа ќе ги задржиме и младите во нашата земја бидејќи ќе ја донесеме Европа кај нас, изјави Филипче.

Од средбите со граѓаните, министерот за здравство забележал дека тие знаат кои се придобивките од членството во НАТО и ЕУ.

- Граѓаните знаат кои се придобивките од овие процеси. Сведоци се што се случуваше со државата изминатите години и веруваат во процесот, бидејќи на многу од нив децата им заминале во други држави барајќи подобар живот и напредок во професиите и пристоен живот, налгси Филипче.  сс/сст/14:23

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...