Судењето за „Топлик“ продолжува на 21 септември

Судењето за „Топлик“ продолжува на 21 септември

Скопје, 14 септември 2018 (МИА) - Судењето за „Топлик“, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште продолжува на 21 септември.

Процесот е во доказна постапка и предвидено да бидат сослушани пет сведоци, предложени од обвинителството. Претседателот на судечкиот совет Осман Шабани, информира дека тројца сведоци, кои не беа присутни на денешното рочиште, да бидат приведени со полиција, додека за двајца да бидат испратени покани.

На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје беа сослушани двајца сведоци кои биле вработени во Министерството за транспорт и врски и биле дел од Комисија за јавно наддавање.

На прашања од обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, сведоците во своите искази објаснија дека биле дел од Комисијата, но откако на состанок била разгледана утврдиле дека доставената документацијакоја била некомплетна, комисијата донела решение да не биде објавена на јавно наддавање, а тие побарале да бидат исклучено од Комисијата.

Двајцата сведоци, кажаа дека не знаат како течела понатаму постапката, бидејќи, како што рекоа повеќе не учествувале во работата на Комисијата. Едниот сведок во својот исказ кажа, дека не добила писмена потврда оти е исклучена од Комисијата, но дека повеќе не учествувала во нејзината работа и од медиумите дознала дека Министерството извршило објава за јавно наддавање. Вториот сведок во својот исказ, објасни дека по состанокот на кој бил претставен графички приказ за опфатот на катастарски парцели на „Сончев град“ и била донесена одлука да не се објавува за јавно наддавање поради нецелосна документација, таа побарала изземање од Комисијатаза. Појасни дека намала никаков притисок за објавата и понатаму не учествувала во работата на Комисијата.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“. аа/са/13:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...