• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Турски суд нареди ослободување на двајцата грчки војници уапсени во март

Турски суд нареди ослободување на двајцата грчки војници уапсени во март

Анкара, 14 август 2018 (МИА) - Турски суд нареди ослободување на двајцата грчки војници уапсени во март на границата, во очекување на нивното судење, јави Анадолија.

Двајцата војници беа уапсени во март откако ја преминаа границата меѓу двете земји и влегоа, како што наведоа, ненамерно во „забранета воена зона".

Турското обвинителство наведе дека тие се обиделе да  шпионираат. Случајот ги засили тензиите со Атина.ир/зш19:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ