• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Дачиќ: Го подржувам Вучиќ за разграничувањето, тоа е единствено можно решение

Дачиќ: Го подржувам Вучиќ за разграничувањето, тоа е единствено можно решение

Белград, 10 август 2018 (МИА) - Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека го подржува залагањето на претседателот Александар Вучиќ за разграничување на Косово и смета дека тоа е единственото можно решение.

„Јас за тоа се залагам веќе десетина години и мислам дека тоа е единственото можно и брзо решение кое во овој момент го решава актуелни проблем„ изјави Дачиќ за ТВ Прва.

Како што наведе, уште е рано да се говори дали ќе дојде до ова решение или не.

Коментирајќи го ставот на САД, Дачиќ кажа дека се променила позицијата на Америка, бидејќи порано САД сметале да прашањето на Косово е решено и да неможе повеќе да се отвара оваа тема.

„Со доаќањето на новата администрација, се промени позицијата во смисол дека се отворени да ги согледаат сите предлози за кративни и флексибилни решенија. Тоа е она што ние го баравме“ изјави Дачиќ.

Тој додаде дека „САД, Русија и Франција се многу расположени да се дојде до компромисно решение.

„ЕУ го модерира дијалогот, а од друга страна Германија е таа која кажува дека не треба да се менуваат границите, но ние кажуваме дека прво се менуваа границите на Србија....Неможете така да ја затворите Пандорината кутија и да кажете дека ништо не се случило и дека неможе понатаму. Состојбата е таква да сите ја гледаат Приштина како нарушувачки фактор кој го одбива компромисот. Нивните изјави се екстремни и не не приближуваат кон трајно решение„-изјави Дачиќ. об/12:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...