• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - На булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје вчера во 18:20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Хонда Цивик“ со скопски регистарски таблици, управувано од Х.К. (19) од Скопје и патничко возило „Југо“ со скопски регистарски таблици, управувано од З.М.(69) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Југо“, Б.М.(61) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот З.М.. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На магистралниот пат Градско - Прилеп вчера во 15:00 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо“ со француски национални ознаки, управувано од А.Б.(25) од Франција и патничко возило „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.И.(41) од село Бузалково, велешко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Фолксваген Голф“, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

А.Ч. (25) од село Топлица, вчера во 9:35 часот додека управувал трактор со приколка во село Добридол, гостиварско, од приколката паднал 16-годишник од село Сенокос при што се здобил со повреди. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен од Медицински центар Гостивар, а потоа, поради карактерот на повредите, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

При изведување градежни работи на станбен објект, О.С. (54) од Штип, вработен како лимар, вчера околу 13:00 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Штип од засега непознати причини паднал од висина од 3,5 метри на бетонски под. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

Во врска со настан „исчезнато лице“, даден во билтен од 07.08.2018 година, исчезнатата 17 годишната девојка била пронајдена.

Во текот на изминатиот ден (09.08.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, две со лесни телесни повреди и една со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои 13 поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така, исклучени од сообраќај биле и 17 возила затоа што 15 биле нерегистрирани, едно поради истечена важност на сообраќајната дозвола и едно возило бидејќи било технички неисправно. Во текот на изминатите денови издадени се 120 мандатни платни налози, додека 44 возила се подигнати со специјално возило „пајак". вј/10:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...