• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Лисичани позитивно ја прифаќаат акцијата за селектирање пластика

Лисичани позитивно ја прифаќаат акцијата за селектирање пластика

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Граѓаните позитивно ја прифаќаат акцијата за собирање пластика од домовите што ја започна Општина Аеродром во населбата Лисиче, соопштија од Општината. 

Велат дека за неколку денови биле посетени куќите од неколку улици во оваа населба и веќе 50-ина семејства со задоволство ги потпишале договорите за соработка.

- Акцијата вклучува околу 400 домаќинства во населбата Лисиче, на кои им се оставаат по две ќеси за да ја селектираат својата пластика. Ќесите ќе се подигнуваат во одреден ден во неделата од страна на неформалните собирачи на отпад, посочија од Општина Аеродром. 

Од Општината наведуваат дека резултати што се очекуваат со реализацијата на оваа акција се намален отпад на депонии, намалено аерозагадување, заштита на животната средина и социјална и економска инклузија (вклучување) на неформалните собирачи на отпад.

Акцијата се одвива во соработка со еколошкото здружение „Гоу грин“ и Ромскиот бизнис информативен центар, а со поддршка на Град Скопје. см/скс/10:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...