• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Пожари на грчките острови Закинтос и Андрос

Пожари на грчките острови Закинтос и Андрос

Атина, 10 август 2018 (МИА) - Делумно под контрола се ставени пожарите на грчките острови Андрос и Закинтос, додека пак за денеска Секретаријатот за цивилна заштита на Грција предупредува за зголемена опасност од нови пожари.

Според локалните медиуми од Закинтос, вчерашните пожари во селата Килиоменос и Махерадо се делумно ставени под контрола. Во гаснењето учествуваат 10 пожарникари со пет возила, еден канадер, два авиона и еден хеликоптер.

На островот Андрос, како што соопштуваат од грчката противпожарна служба, пожарот ви областа Амолохос е ставен делумно под контрола. Таму, во гаснењето учествуваат осум пожарникари со четири возила и два авиона.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција за денес предупредија зголемена опасност од пожари во голем дел од земјата. Во портокалова фаза (многу висока опасност, категорија 4) се Халкидики, областа Атика, речиси целиот остров Пелопонез, полуостровот Евија, островите во северниот дел на Егејското море (Лезбос, Хиос, Самос, Икариа), Килкадските острови, како и островите во Јонското море (Лефкада, Кефалониа, Закинтос).

- Паралелни, Генералниот секретаријат за цивилна заштита им препорачува на граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности на отворено кои може да предизвикаат пожари, како што е фрлање на запалени цигари, палење сува трева и гранки или остатоци од чистење, употреба на машини пто создаваат искри, како што се пили, апарати за заварување, употреба на скари и сл, соопштуваат од секретаријатот за цивилна заштита во препораките до граѓаните за избегнување пожари.

Во изминатите 24 часа грчката противпожарна служба интервенирала за гаснење на 32 шумски пожари. ср/зш/10:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...