• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

ОЈО оформи предмет по допрен глас за јавните набавки во Министерството за здравство

ОЈО оформи предмет по допрен глас за јавните набавки во Министерството за здравство

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапките на доделување договори за јавни набавки во Министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението од ОЈО, предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари.

ОЈО, како што се посочува, ги презема сите потребни дејствија и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид кривични дела.​ ев/сд/09:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...