• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Грција годинава протерала над четири илјади албански граѓани

Грција годинава протерала над четири илјади албански граѓани

Тирана,10 август 2018 (МИА) – Грчките власти во текот на месец јули,поради нелегален престој во земјата, протерала 841 странски државјанин,од нив 377 албански.

Полициската статистика потврдува дека во изминатите седум месеци од годинава,пак, протерани се вкупно 7.959 странски државјани од нив 4.267 албански.

Остантите странски државјани се од Ирак, Пакистан, Грузија, Бангладеш,Турција, Алжир и Иран.

Што се однесува до албанските државјани, гледано одделено по месеци, во јануари биле протерани 628, во февруари 648,во март 668, април 745,во мај 738, јуни 463 и во јули 377 албански државјани.

Инаку, во Грција живеат над 500 илјади албански граѓани,кои во најголем дел се со регулиран престој. Повеќето заминаа веднаш по падот на тоталитарниот режим во Албанија во деведесеттите години од минатиот век. вт/зш/09:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...