• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Половина Британци се за нов референдум

Половина Британци се за нов референдум

Лондон, 10 август 2018 (МИА) - Доколку преговорите околу Брегзит завршат без договор, половина граѓани на Велика Британија сметаат дека треба да се организира референдум за конечна одлука дали треба да се напушти ЕУ, покажа најновото истражување во кое учествуваа околу 10.000 граѓани.

Според анкетата, двојно повеќе граѓани се на мислење дека е подобро да се организира референдум, отколку таа одлука да му се препушти на Парламентот.

Истражувањето на групата „Луѓето гласаат“, спроведено од 31 јули до 7 август, покажа дека 45 отсто од граѓаните поддржуваат референдум по завршувањето на преговорите, додека 34 проценти се против.

На прашањето кој треба да одлучи за останувањето или напуштањето на ЕУ, 50 отсто смета дека тоа треба да го сторат граѓаните на референдум, а 25 отсто сметаат дека за тоа треба да одлучи парламентот. 

Според истражувањето 74 отсто од испитаниците сметаат дека преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ се одвиваат лошо, а 68 отсто мислат дека Британија лошо ќе помине. ир/зш/09:59

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...