• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Харадинај побара дополнителни контролни пунктови на граничните премини со Србија

Харадинај побара дополнителни контролни пунктови на граничните премини со Србија

Приштина, 18 јули 2018 (МИА) - По долгите чекања за влез во Косово и големите колони на граничните премини со Србија, косовскиот премиер, Рамуш Харадинај побара на два гранични премини да се постават дополнителни пунктови за контрола на документите на сонародниците кои од Западна Европа доаѓаат за летните одмори во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

За барањето што го доставил до Министерството за внатрешни работи Харадинај информира преку објава на Фејсбук.

- Со цел забрзување на процедурите на граничните премини, побарав од министерот за внатрешни работи, Бејтуш Гаши, во Мердаре и Јариње да се постават додатни контролни пунктови за документите и поголем број гранични полицајци. Така ќе се олеснат процедурите и непотребното чекање на нашите сонародници на граница, напиша косовскиот премиер.

На граничните премини за влез од Србија во Косово се создаваат километарски колони од возила со кои Косовците од дијаспората доаѓаат за летните одмори во татковината и се чека по неколку часа. иа/ми/10:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...