• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Баварската полиција почнува да патролира долж границата со Австрија

Баварската полиција почнува да патролира долж границата со Австрија

Минхен, 18 јули 2018 (МИА) - Полицијата на јужната германска сојузна покраина Баварија од денеска почнува да патролира долж границата со Австрија, јави новинската агенција ДПА.

Баварските власти постигнаа договор со сојузното Министерство за внатрешни работи, со кое раководи доскорешниот баварски премиер Хорст Зехофер, со кој регионалната полиција може да врши контроли на границата.

Според договорот, баварската полиција нема да може да реагира самостојно, туку само во согласност или на барање на сојузната германска полиција.

Баварските полицајци воедно нема да имаат овластување да ги враќаат евентуално пресретнатите илегални мигранти назад во Австрија.

Премиерот на Баварија Маркус Зедер лично ќе го најави почетокот на овие полициски патроли на граничниот премин Киршдорф ам Ин. цч/сп/10:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...