• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Објавен „Речник на хомонимите меѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу

Објавен „Речник на хомонимите меѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу

Скопје, 18 јули 2018 (МИА) - Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје ја објави лексикографската публикација „Речник на хомонимите помеѓу македонскиот и турскиот јазик“ од Филиз Мехметоглу од Истанбул. Ова е прв научен и лексикографски труд и прва публикација за хомонимите меѓу овие два јазика.

Речникот е адаптирана верзија за печатење на исто­имената магистерска теза која беше одбранета во 2015 година на Филолошкиот факултет „Блаже Коне­ски“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Овој труд е составен од два дела. Првиот дел содржи текстови со кои се објаснува и се образложува речникот. Најнапред е дадено објаснување на зборот хомоним според лексикологијата и етимолошките речници, се објаснува како термин во смисла на литературата, потоа авторката дава објаснувања за структурата на речникот, главните принципи на речникот, методологија во врска со преводот и принципите за избор на зборовите...

На почетокот Филиз Мехметоглу ја образложува целта на својот труд- проучување на хомоформите, т.е. зборовите со иста форма или ист гласеж, но со различно значење и неповрзано потекло, на релација турски и македонски јазик. Тие критериуми, пак, елиминираат многу зборови кои македонскиот ги презел од и преку турскиот јазик. Авторката констатира дека според нејзината евиденција, темата е слабо разработувана во лингвистиката воопшто, а меѓу македонскиот и турскиот јазик воопшто не е разработена.

Мехметоглу истакнува дека дел од нејзиниот научен интерес се турцизмите во македонскиот јазик. Смета дека пред да се испитуваат турцизмите треба да се проучат оние зборови кои погрешно може да се толкуваат како турцизми, иако тоа не се.

Вториот дел го содржи речничкиот материјал, каде зборовите се дадени по азбучен ред со значе­њата и во двата јазика. Прво се даваат значењата на маке­донски јазик, а потоа се даваат значењата на турски јазик со македонски превод. Кај секој збор најпрво се бележи стилистичката употреба (дијалектен говор, арго, вулгаризам и сл.). Потоа од граматички аспект се додава и морфолошката припадност по зборовни групи. Ова има цел да укаже на фактот дека припадноста кон различна зборовна група најчесто е доволен показ дека овие зборови немаат иден­тично значење во двата јазика.

Филиз Мехметоглу е родена во 1974 година во Штип, каде го завршила основното образование. Во 1985 година со фамилијата се иселила во Истанбул. Гимназија завршила во Истанбул, а потоа на Универзитетот Анадолу дипломирала на Економскиот факултет. Магистрирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скоп­је на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а во исто време дипломирала и на Истанбулскиот универзитет, насока филозофија.

Мехметоглу е коавтор на три книги и на 17 научноистражу­вач­ки трудови, подготвувани првенствено за меѓународни конфе­рен­ции, симпозиуми и научни списанија. Речиси сите директно или индиректно се однесуваат и на македонскиот јазик. Живее и работи во Истанбул. мд/сд/09:58

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...