• A-
  • A
  • A+
петок, 17 август 2018, 

Трамп: ЕУ е непријател на САД

Трамп: ЕУ е непријател на САД

Единбург, 15 јули 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја нарече Европската унија „непријател" на САД.

Во интервјуто за Си-Би-Ес, направено во Шкотска, Трамп рече дека смета оти САД имаат „многу непријатели", меѓу кои и блокот европски држави „кои се меѓу најблиските сојузници на САД".

- Мислам дека Европската унија е непријател, она што ни го прави во трговијата. Вие не би помислиле на Европската унија, но таа е непријател, рече Трамп.

Тој додаде дека Русија е непријател на САД „во одредени аспекти", а Кина е „економски" непријател. Сепак, вели Трамп, тоа не значи оти Кинезите  се лоши.

- Тоа не значи ништо. Тоа значи дека тие се натпреварувачки дух, рече Трамп.

Американскиот претседател утре ќе се состане во Хелсинки со рускиот претседател Владимир Путин. ир/19:48

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Девојката турната од мост бара казна за нејзината другарка (видео)

Девојка која падна од мост во американската сојузн...

„Ага" прогласен за најдобар филм на Сараевскиот филмски фестивал

Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазаров...

Морето исфрли влакнесто суштество без очи

На рускиот источен брег, морето исфрли необично вл...

Се обиде да „погали“ крокодил, па за малку не остана без рака (видео)

Индиец се здоби со серизна повреда на раката откак...

Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот според „Форбс“

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатен...