• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Трамп гледа напредок во преговорите со Северна Кореја

Трамп гледа напредок во преговорите со Северна Кореја

Лондон, 12 јули 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека добил писмо од севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун, за кое рече дека е многу добра порака и дека двете земји постигнуваат значителен напредок. Потегот на Ким доаѓа по посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Северна Кореја, која во американските медиуми беше оценета како разочарувачка.

- Цврсто верувам дека со силна волја, искрени напори и со уникатниот пристап од моја страна и од вашата екселенција, господине претседател, насочена кон отворање на нова иднина во односите меѓу Демократската Народна Република Кореја и Соединетите Држави, ќе имаме успех, пишува во писмото на Ким упатено до Трамп.

САД бараат од режимот на Ким да се прецизираат обврските на Северна Кореја за нуклеарно разоружување на државата. цч/19:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...

Парче килибар тешко 1,8 килограми пронајдено во Калининград

Парче килибар тешко 1,8 килограми е пронајдено во ...