• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Мермерен блок од 20 тони попречи коловозна лента на патот кај Плетвар

Мермерен блок од 20 тони попречи коловозна лента на патот кај Плетвар

Прилеп, 12 јули 2018 (МИА) - Повеќе од шест часа голем мермерен блок е на патниот правец Прилеп – Градско, кај Плетвар, во близина на Каменоломот кај селото Тројаци.

Според информациите од Секцијата на „Македонија пат“ во Прилеп, поставени се знаци за предупредување, обезбеден е патниот правец и сообраќајот се одвива во две коловозни ленти.

Оттаму велат дека големиот мермерен блок од 7 до 8 кубни метри, тежок над 20 тони, најверојатно паднал од камионот што го превезувал од Каменоломот во правец на Градско.

Увид направила и полицијата, а според надлежните од „Македонија пат“ обврска според Законот е сопственикот на мермерниот блок да го отстрани од патот. ем/лв/19:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ