• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Конте: Италија не се согласи на дополнителни финансиски обврски кон НАТО

Конте: Италија не се согласи на дополнителни финансиски обврски кон НАТО

Брисел, 12 јули 2018 (МИА) - Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска изјави дека Италија не се согласила на никакви дополнителни финансиски обврски кон НАТО и покрај притисоците на претеседателот на САД, Доналд Трамп, кој побара од земјите членки да се обврзат дека ќе издвојуваат по четири отсто од бруто домашниот производ за Алијансата.

- Италија наследи обврски, кога станува збор за издвојување, што не го сменивме. Така да нема дополнителни издвојување, посочи Конте на прес-конференција по завршувањето на Самитот на НАТО.

Тој додаде дека е реален дисбалансот во издвојувањата за НАТО.

- Мораме да сфатиме дека НАТО се промени со текот на времето. Настана пред 70 години. Неговиот повик, карактеристики, организациска структура и оперативна стратегија се сменија. И со право САД велат дека НАТО повеќе не е фокусиран на европската одбрана и интереси, како и дека придонесот не е балансиран, истакна Конте.

Тој додаде дека не ги слушнал заканите на Трамп дека САД ќе се повлечат од НАТО.

Претходно, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека сите земји членки се обврзале да издвојуваат два проценти од БДП за заедничката одбрана, но тој не сакаше да ги потврди наводите на Трамп оти целта всушност е четри отсто.

- Имаме обврска да издвојуваме два отсто. Важна работа сега е тоа што ни требаат повеќе пари. А добра работа и тоа главно поради јасната порака од Трамп на состанокот, дека сојузниците ја сфатија таквата потреба, изјави Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање за тврдењата на американскиот претседател дека земјите членки се договориле да издвојуваат четри проценти од БДП за Алијансата. ми/17:48

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...