• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Заев за поканата за НАТО: Радувај се Македонијо

Заев за поканата за НАТО: Радувај се Македонијо

Скопје, 11 јули 2018 (МИА) - Радувај се Македонијо! Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени, порача премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил во врска со одлуката, која ја донесоа денеска на првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел, лидерите на земјите-членки да ја поканат Македонија да ги почне преговорите за пристапување.

- Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата. Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми, нагласи премиерот.

Тој истакна дека денеска е голем, историски ден за Република Македонија.

- Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја, додаде премиерот, кој гостува како говорник на конференцијата NATO Engages во рамки на Самитот во Брисел. ац/скс/18:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ