• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Мас: Германија не е заробеник на Русија

Мас: Германија не е заробеник на Русија

Брисел, 11 јули 2018 (МИА) - Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска реагираше на критиката на американскиот претседател Доналд Трамп дека Берлин е „заробеник“ на Русија, нагласувајќи оти Германците не се заробеници ниту на Москва ниту на Вашингтон.

- Ние не сме заробеници ниту на Русија ниту на САД. Ние сме еден од гарантите на слободниот свет и тоа така ќе остане, истакна Мас на маргините на Самитот на НАТО во Брисел.

Тој додаде и дека Берлин  планира да ги зголеми расходите за одбраната за 80 проценти до 2024 година, истакнувајќи оти „тоа треба да биде признаено“.

Претходно и германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен реагираше на обвинението од страна на Трамп дека Германија е „целосно контролирана" од Москва.

- Имаме многу прашања со Русија без никакво сомневање. Од друга страна, треба да ја задржите линијата за комуникација меѓу држави или сојузници и противници без какви било прашања, изјави таа на прашање за обвинувањата на Трамп. 

И францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не се согласува со оценката на Трамп дека Германија е „под целосна контрола“ на Русија поради еден гасовод. ми/18:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.