• A-
  • A
  • A+
недела, 15 јули 2018, 

Јоханис: Романија ја поддржува поканата на НАТО за Македонија

Јоханис: Романија ја поддржува поканата на НАТО за Македонија

Брисел, 11 јули 2018 (МИА) - Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека НАТО треба да ја продолжи политиката на „отворени врати“ и додаде дека Романија ја поддржува одлуката Република Македонија да биде поканета да ги почне пристапните преговори со НАТО.

- Треба да ја продолжиме политиката на отворени врати. Романија целосно ја поддржува одлуката да и се врачи покана за членство на Северна Македонија, истакна Јоханес.

Тој додаде дека неопходен е „унифициран пристап и планирање на одбрана на целото источно крило“. ми/17:58

###

  

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.