• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Тачи: Косово деновиве ќе добие добри вести за визната либерализација

Тачи: Косово деновиве ќе добие добри вести за визната либерализација

Приштина, 11 јули 2018 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази надеж дека во наредните денови Косово ќе добие многу добри вести од Европската унија во врска со визната либерализација,

Тачи во интервју за турската новинска агенција Анадолија изјави дека во моментот кога ќе стасаат добрите оценки ќе се отвори можноста и другите институции, како Европската комисија и Европскиот Парламент да ги потврдат достигнувањата на Косово

- Косово ги имплементира во целост критериумите за либерализација на визниот режим, изјави Тачи.

Интервјуто за турската агенција, кое го пренесоа медиумите во Приштина, косовскиот претседател го дал за време на престојот во Анкара, каде што присуствуваше на церемонијата за инаугурација на претседателот Реџеп Таип Ердоган. иа/цч/17:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.