• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Столтенберг: Нема НАТО без промена на името

Столтенберг: Нема НАТО без промена на името

Брисел, 11 јули 2018 (МИА) - Генералниот секреатер на НАТО Јенс Столтенберг јасно стави на знаење дека само со промена името може Македонија да влезе во Алијансата.

-На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да ги добијат. Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи, истакна Столтенберг денеска на прес-конференцијата по првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел.

- Го поздравувам Договорот со Грција, јасно кажавме дека ќе започнеме пристапни преговори и рековме дека еднаш откако ќе се финализираат процедурите ќе може ПЈРМ да стане 30-та членка со новото име, рече тој одговарајќи на новинарско прашање. тм/ац/17:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ