• A-
  • A
  • A+
недела, 15 јули 2018, 

Ердоган најави дека министерот за одбрана генерал Акар може да раководи со армијата

Ердоган најави дека министерот за одбрана генерал Акар може да раководи со армијата

Анкара, 11 јули 2018 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека раководството врз армијата може да биде доверено на министерот за одбрана, генералот Хулуси Акар.

Најавата на Ердоган, дадена за телевизијата Си-Ен-Ен Турк, доаѓа откако тој го распушти Врховниот совет на одбраната. Критичарите на Ердоган за овој чекор оценија дека може да води до директна контрола на претседателот врз вооружените сили. Една од најважните функции што претседателот ги презема од Врховниот совет се унапредувањата на офицерите.

Ердоган гледа со недоверба врз делови на турската армија по обидот за државен удар во 2016 година, по кој илјадници офицери беа разрешени или уапсени. цч/18:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.