• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Tрагедија во Велес - во пожар изгореа три малолетни деца од една, две и четири години (ДПЛ)

Tрагедија во Велес - во пожар изгореа три малолетни деца од една, две и четири години (ДПЛ)

Велес, 20 јуни 2018 (МИА)Во пожар на куќа на улица „Даре Џамбаз“ б.б над последните куќи под ридот Вршник во високиот дел на Велес ,попладнево во пожар на трошна куќа која се наоѓала во шума изгореа три малолетни деца на една,две и четири години,потврдија од СВР Велес.

Како што информира за МИА Љубчо Лепидовски командир на Територијалната противпожарна единица од Велес

- Пожарот е пријавен од граѓани кај нас во 16:05 минути. Ние отидовме со противпожарното возило џип, а пожарот беше во трошната куќа која е на непристапен терен во шума во високиот дел од градот за последните куќи. Стасавме заедно со родителите кои биле да пазарат во продавница, а ги оставиле децата сами дома. Кровот беше паднат и ние гаснавеме заедно со нас беше и таткото. А кога изгаснавме мислевме дека децата избегале, но за жал најдовме склупчени во едно ќоше прво ги најдовме целосно задушени од огнот и изгорени - двете девојчиња на две и четири години, а потоа малку понатаму и најмалото едногодишно девојче. Глетката беше страотно. Во куќата немаше ни вода ни струја. Во куќата имаше многу пластични шишиња кои ги собирало семејството, а кое било социјално загрозено, појасни Лепидовски за МИА.

На местото на настанот излезе на увид јавен обвинител и екипа на СВР Велес кои работеа на откривање на причината на пожарот. ад/ац/22:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ