• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Трамп потпиша указ за прекинување на практиката за разделување на деца мигранти од родители

Трамп потпиша указ за прекинување на практиката за разделување на деца мигранти од родители

Вашингтон, 20 јуни 2018 (МИА) - Американскиот претседател денеска потпиша указ со кој стави крај на практиката на разделување на деца-мигранти од нивните родители, кои нелегално влегле во САД.

- Не ми се допаѓа да гледам како се разделуваат семејствата, рече Трамп на церемонијата на потпишувањето на нормативниот акт. Во исто време, тој истакна дека здравата стража на јужната граница на САД со Мексико останува приоритет за него.

Американски медиуми коментираат дека указот на Трамп е спектакуларен пресврт, кој става крај на една практика, која доби бројни критики.

Претходно извор од владата најави дека Трамп ќе потпише нормативен акт уште денеска.

Тој објасни дека указот ќе им даде на илегалните имигранти со деца предност при разгледување на нивните случаи. Нормативниот акт, сепак, нема да стави крај на т.н. политика на нулта толеранција на администрацијата на Трамп кон илегалната имиграција, истакна  цитираниот извор, кој побара анонимност.

Претседателот на САД претходно рече дека наскоро ќе потпише „нешто" со цел запирање на поделбата на децата мигранти од нивните родители, со кои влегле нелегално во земјата. ир/21:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...