• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 јули 2018, 

Општина Кочани ќе додели градежен материјал за социјално загрозените граѓани

Општина Кочани ќе додели градежен материјал за социјално загрозените граѓани

Кочани, 19  јуни 2018 (МИА) - Општина Кочани ќе им додели бесплатен градежен материјал на социјално загрозените жители чии домови подолго време се руинирани или пак биле оштетени од невремето во изминатиот период.

Доделувањето на помошта е дел од општинската програма за социјална, детска и здравствена заштита, а распределбата ќе се прави по добиените писмени барања и утврдување на состојбата на терен, за што е формирана стручна комисија.

- Градежниот материјал ќе им биде поделен на корисниците на постојана парична помош, на невработени или пак на граѓани кои се нашле во состојба на социјален ризик, со цел да им помогне да ги санираат оштетувањата и да ги оспособат своите живеалишта. Локалната самоуправа ќе распредели три тони цемент, еден ипол тон усјемал, дрвена граѓа, градежно железо и блокови и материјали за бојадисување, наведе Голубина Георгиева од Одделението за јавни дејности.

Со донесената одлука за набавка на градежниот материјал се инвестираат околу 200.000 денари од буџетската сметка, за што претходно беше дадена согласност и од Советот на општината.

Освен за добивање градежни материјали, граѓаните можат да побараат финансиска помош од Општината и за набавка на лекови или за покривање на дел од трошоците за лекарски прегледи во други градови во државата, за што е неопходно да имаат соодветна документација. та/см/15:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.