• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Независни Грци нема да го поддржат Договорот, ниту иницијативата за недоверба на Владата на Ципрас

Независни Грци нема да го поддржат Договорот, ниту иницијативата за недоверба на Владата на Ципрас

Атина, 14 јуни 2018 (МИА) - Помалиот коалициски партнер во грчката Влада, десничарската партија Независни Грци, најави дека нема да го поддржи ниту Договорот со Македонија, ниту предлогот на опозициската Нова Демократија за недоверба на владиниот Кабинет, иако иницијативата беше токму поради постигнатиот Договор.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, партијата Независни Грци на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, останува на досегашниот став во однос на прашањето со името, но паралелно и натаму ја поддржува Владата.

- Пратеничката група по состанокот и сега кога е во салата за време на седницата испраќа една порака. Прво едно големо благодарам до (лидерот на Нова демократија) Кирјакос Мицотакис за можноста што ни ја дава два дена да го прашаме лице во лице. Конечно да одлучи која е позицијата на Нова демократија. Конечно да реши да одбере меѓу кои позиции и линии ќе се движи, изјави портпаролот на Независни Грци, Теодорос Тосунидис. ср/сп/19:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...