• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Стабилизацискиот фонд на ЕУ ја одобри последната транша помош за Грција

Стабилизацискиот фонд на ЕУ ја одобри последната транша помош за Грција

Брисел, 14 јуни 2018 (МИА) - Европоскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) ја одобри исплатата на последната транша од меѓународната макрофинансиска помош за Грција во вредност од една милијарда евра, се наведува во соопштението од ЕСМ.

Советот на директори на ЕСМ дал указ да се деблокираат  една милијарда евра наменети за Грција, се вели во докуметот. Траншата беше одобрена од Еврогрупата во март, но трансферот на парите беше одложен до исполнувањето на условите кои меѓународните кредитори ги  бараа од Атина. Средствата ќе бидат доставени под формата преференцијален кредит.

Грчкиот Парламент денеска усвои нов пакет економски реформи, од чие спроведување зависеше исплатата на нова транша од 12 милиони евра од програмата за помош на Грција, која истекува во август.

Реформскиот пакет беше усвоен со 154 гласа „за“ и 144 „против“.

Новите реформи вклучуваат мерки за забрзување на приватизацијата во енергетскиот сектор и измени во даноците за имот. Овие мерки треба да стапат во сила по завршувањето на програмата за помош, по што на нив ќе се надоврзе дополнителното намалување на пензиите во 2019 година и понискиот праг за даночно ослободување од 2020 година. ссм/19:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...