• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Тројца убиени при напад врз активисти на турската владејачка партија

Тројца убиени при напад врз активисти на турската владејачка партија

Анкара, 14 јуни 2018 (МИА) - Три лица загинаа, а најмалку осум други се повредени денеска при напад врз активисти на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во градот Суруч во округот Шанљурфа во југоисточниот дел на Турција. 

Нападот бил извршен додека активистите на АКП спроведувале активности во рамки на кампањата за предвремените претседателски и парламентрани избори во Турција, закажани за 24 јуни.

Според непотврдени извори, нападот го извршиле вооружени лица за кои се претпоставува дека се приврзаници на курдската Демократска партија на народите (ХДП). 

Во врска со нападот полицијата привела околку 10 лица.

Меѓу убиените е и брат на пратеникот во турскиот Парламент од редовите на АКП, Ибрахим Халил Јилдиз. сп/19:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...