• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Владата го декласифицира договорот со Грција (видео)

Владата го декласифицира договорот со Грција (видео)

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста.

Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата.

- Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство и донесе одлука да го декласифицира договоорт. Веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата македонска јавност има пристап до истиот. Договорот е насловен - Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста  на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните, рече Бошњаковски.

Нагласи дека се уште не е прецизиран датумот за средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на која треба да биде потпишан договорот, но напомена дека утре ќе има повеќе информации и ќе се знае точно кога и каде ќе се одржи средбата. ац/лв/19:58

(Линк до договорот)

 

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Роботи ќе оценуваат дали кредитобарателите се солвентни

Роботи во повеќе банки низ светот веќе ги проверув...

Австриските криминалци ќе мора да плаќаат данок

Суд во Австрија пресуди дека и криминалците ќе мор...

Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните „Битлси“

Шон Оно Ленон и Џејмс Меакартни, синовите на позна...

Почина рускиот писател Едуард Успенски

Рускиот писател и сценарио Едуард Успенски, автор ...

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...