• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Грчкиот Парламент усвои нов пакет економски реформи

Грчкиот Парламент усвои нов пакет економски реформи

Атина, 14 јуни 2018 (МИА) - Грчкиот Парламент денеска усвои нов пакет економски реформи, од чие спроведување зависи исплатата на нова транша од 12 милиони евра од програмата за помош на Грција, која истекува во август.

Реформскиот пакет беше усвоен со 154 гласа „за“ и 144 „против“.

Новите реформи вклучуваат мерки за забрзување на приватизацијата во енергетскиот сектор и измени во даноците за имот. Овие мерки треба да стапат во сила по завршувањето на програмата за помош, по што на нив ќе се надоврзе дополнителното намалување на пензиите во 2019 година и понискиот праг за даночно ослободување од 2020 година.  

Атина се согласи да продолжи со мерките за штедење и по завршувањето на актуелната трета програма за спас, чија цел е постигнување буџетски суфицит на ниво од 3,5 отсто од БДП до 2022 година и од најмалку два проценти во следните години. сп/18:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Роботи ќе оценуваат дали кредитобарателите се солвентни

Роботи во повеќе банки низ светот веќе ги проверув...

Австриските криминалци ќе мора да плаќаат данок

Суд во Австрија пресуди дека и криминалците ќе мор...

Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните „Битлси“

Шон Оно Ленон и Џејмс Меакартни, синовите на позна...

Почина рускиот писател Едуард Успенски

Рускиот писател и сценарио Едуард Успенски, автор ...

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...