• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Османи: Во пресрет на почетокот на преговорите потребна ни е квалитетна реформска агенда

Османи: Во пресрет на почетокот на преговорите потребна ни е квалитетна реформска агенда

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, пред членовите на Министерскиот совет ја презентираше драфт-верзијата од Планот 18.

- Имавме одлична презентација на Планот 18 пред различни целни групи како што е Делегацијата на ЕУ, мисиите на ОБСЕ, граѓанскиот сектор, опозицијата, со што го продолжуваме принципот на инклузивност уште во фазата на негово создавање, истакна Османи на средбата.  

Нагласи дека Планот 18 мора да го надмине квалитетот и амбициите на Планот 3-6-9 и да ја задржи и засили рефромската агенда на Владата во периодот од одлуката за преговори, па се до нејзиниот почеток.

Во текот на наредната недела очекува серија активности во насока на усогласување со забелешките на Планот кои во овој период пристигнуваат од сите заинтересирани страни. ац/18:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Роботи ќе оценуваат дали кредитобарателите се солвентни

Роботи во повеќе банки низ светот веќе ги проверув...

Австриските криминалци ќе мора да плаќаат данок

Суд во Австрија пресуди дека и криминалците ќе мор...

Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните „Битлси“

Шон Оно Ленон и Џејмс Меакартни, синовите на позна...

Почина рускиот писател Едуард Успенски

Рускиот писател и сценарио Едуард Успенски, автор ...

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...