• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Иванов оствари средба со претседателот на бугарското Собрание, Карајанчева

Иванов оствари средба со претседателот на бугарското Собрание, Карајанчева

Софија, 14 јуни 2018 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на бугарското Собрание Цвета Карајанчева на денешната средба во Софија разменија информации за процесот на имплементација на Договорот за добрососедство и беше поздравена динамиката на соработка и преземените и иницијативи и активности од страна на двете држави.

Македонскиот претседател изрази надеж дека двете земји ќе продолжат да соработуваат на промоција на заедничките интереси во регионот и дополнително ќе ја унапредат билатералната соработка.

На средбите беа разменети мислења за актуелните случувања во двете земји и за европските и евроатлантските перспективи на Република Македонија во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ и Самитот на НАТО.

Претседателот Иванов го поздрави успешното претседавање на Република Бугарија со Советот на ЕУ, истакнувајќи дека Република Македонија високо ја цени поддршката од Бугарија за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, додавајќи дека политиката на проширување на ЕУ, останува најефикасниот инструмент за гарантирање на мирот, стабилноста и просперитетот во Западен Балкан.

Иванов ја реафирмираше определбата на Република Македонија за најдобри можни односи и соработка со сите соседи и се заблагодари за поддршката од Бугарија во овој исклучително важен период за нашата земја. ац/17:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Роботи ќе оценуваат дали кредитобарателите се солвентни

Роботи во повеќе банки низ светот веќе ги проверув...

Австриските криминалци ќе мора да плаќаат данок

Суд во Австрија пресуди дека и криминалците ќе мор...

Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните „Битлси“

Шон Оно Ленон и Џејмс Меакартни, синовите на позна...

Почина рускиот писател Едуард Успенски

Рускиот писател и сценарио Едуард Успенски, автор ...

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...