• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

Харадинај: Со Србите во Владата имаме проблеми и тешкотии

Харадинај: Со Србите во Владата имаме проблеми и тешкотии

Приштина, 14 јуни 2018 (МИА) - Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на денешната седница на Собранието, изјави дека владината коалиција има проблеми со партијата на Србите која партиципира во Владата, Српска листа, и дека односите со неа се „отежнати“, јави дописникот на МИА од Приштина.

- Сега сме во покомплицирани односи со Српската листа. Природата на односите во коалицијата е отежната и ова започна од приведувањето на (директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при српската Влада) Марко Ѓуриќ во Косово. Сепак, ве уверувам дека Министерството (за земјоделство) функционира, за што известуваат замениците министри, изјави Харадинај.

Овие изјави косовскиот премиер ги даде во рамките на интерпелацијата во Парламентот за незаконско работење и конфликт на интереси на министерот за земјоделство од редовите на Српската листа, Ненад Рикало, поднесена од опозициските Демократски сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ).

Харадинај се осврна и на ситуацијата во северниот дел на Косово, населен претежно со српско население, за кој рече дека е под влијание од официјален Белград, кој „постојано се обидува да ги убеди тамошните жители дека тоа е српска земја, а не Косово“. иа/сп/17:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...