• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Курц: Имиграцијата приоритет на австриското претседавање со ЕУ

Курц: Имиграцијата приоритет на австриското претседавање со ЕУ

Виена, 14 јуни 2018 (МИА) - Приоритет на Австрија за време на претседавањето со Европската унија во следните шест месеци, ќе биде борбата против илегалната миграција, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

- Безбедноста и стабилноста не се нешто што се подразбира во Европа. Акцент мора да биде ставен на заштитата на границите, изјави Курц претставувајќи ги приоритетите на австриското претседавање со ЕУ пред членовите на Парламентот на Австрија. 

Курц најави дека средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ што во септември ќе се одржи во австрискот град Салцбург, ќе биде посветена на теми за безбедноста, контролата на границите и борбата против илегалната миграција. 

Австрија се залага зајакнувањето на Европската агенција за контрола на границите - Фронтекс да се одвива со побрзо темпо од тоа што е предвидено со програмата на Европската комисија за периодот 2021-2027 година.

Курц вчера во Берлин најави создавање на „оска“ меѓу министрите за внатрешни работи на Австрија, Германија и Италија во борба против нелегалната миграција.

-  Се радувам на добрата соработка, која сакаме да ја изградиме меѓу Виена, Рим и Берлин во таа област, изјави Курц на прес-конференција во Берлин. - Според нас, потребна е оска на оние кои сакаат да се борат против нелегалната миграција, додаде тој.

На ваквата најави реагираше германската канцеларка Ангела Меркел која оцени дека илегалната миграција може да се спречи само со соработка во рамките на ЕУ, а не со некаква „оска“.

- Неопходни се многу форми на соработка ако сакаме да најдеме единствено решение за илегалната миграција, изјави Меркел. сп/17:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Роботи ќе оценуваат дали кредитобарателите се солвентни

Роботи во повеќе банки низ светот веќе ги проверув...

Австриските криминалци ќе мора да плаќаат данок

Суд во Австрија пресуди дека и криминалците ќе мор...

Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните „Битлси“

Шон Оно Ленон и Џејмс Меакартни, синовите на позна...

Почина рускиот писател Едуард Успенски

Рускиот писател и сценарио Едуард Успенски, автор ...

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...