• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Помпео: Санкциите кон Пјонгјанг ќе бидат укинати по денуклеаризацијата

Помпео: Санкциите кон Пјонгјанг ќе бидат укинати по денуклеаризацијата

Пекинг, 14 јуни 2018 (МИА) - САД, Кина и Јужна Кореја се едногласни во ставот дека санкциите кон Северна Кореја ќе бидат укинати дури откако земјата целосно ќе се ослободи од нуклеарното оружје, изјави денеска во Пекинг американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Како што јави ДПА, по средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, Помпео истакна дека Кина ја потврдила својата посветеност кон резолуциите на Советот за безбедност на ОН, со кои се воведени санкциите кон Пјонгјанг. 

- Санкциите содржат и механизми за олеснување и се согласивме дека во соодветен момент ти ќе бидат земени предвид, изјави Помпео.

 Мајк Помпео и Банг Ји ЕПА

Тој најви дека во текот на следниве недели, САД и Северна Кореја ќе работат заедно за добивање на целосни информации за нуклеарната програма и ќе започнат да работат задно на спроведување на обврските од договорот што го постигнаа американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на средбата во Сингапур во вторникот.

Трамп и Ким во Сингапур потпишаа договор со кој Северна Кореја се обврза да изврши денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, во замена за ветување од САД дека ќе и пружат безбедносни гаранции. сп/16:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...