• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Кина: Воените бродови на САД во Јужното Кинеско Море - провокација

Кина: Воените бродови на САД во Јужното Кинеско Море - провокација

Пекинг, 27 мај 2018 (МИА) - Кинеското Министерството за одбрана денеска изјави дека е провокација тоа што две американски воени брода поминале блиску острови во Јужното Кинеско Море за кои Пекинг тврди дека и припаѓаат на Кина. 

- Со оваа акција на САД, сериозно се нарушува суверенитетот на Кина, бидејќи воените бродови влегоа во кинеските територијални води без дозвола, се вели во соопштението.

Кинески бродови и авион беа испратени да ги предупредат бродовите на САД да ја напуштат територијата.

Неименувано американско официјално лице претходно изјави дека разорувачот опремен со ракети „Хигинс" и крстосувачот опремен со проектили „Антиетам“, стигнале на 12 наутички милји од Параселските острови, за кои Кина има територијални спорови со своите соседи.

- Воени бродови на САД извршиле маневарски операции во близина на остроите Три, Линколн, Тритон и Вуди , изјави едно службено лице.ир/19:48

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Роботи ќе оценуваат дали кредитобарателите се солвентни

Роботи во повеќе банки низ светот веќе ги проверув...

Австриските криминалци ќе мора да плаќаат данок

Суд во Австрија пресуди дека и криминалците ќе мор...

Ретко селфи на синовите на двајца од легендарните „Битлси“

Шон Оно Ленон и Џејмс Меакартни, синовите на позна...

Почина рускиот писател Едуард Успенски

Рускиот писател и сценарио Едуард Успенски, автор ...

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...