• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Хрватско МНР: Вулин засега не е добредојден во Хрватска

Хрватско МНР: Вулин засега не е добредојден во Хрватска

Загреб, 22 април 2018 (МИА) - Хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека српскиот министер за одбрана Александар Вулин засега не е добредојден во Хрватска.

- Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска испрати протестна нота до Амбасадата на Република Србија во Загреб, осудувајќи ја изјавата на српскиот министер за одбрана Александар Вулин, во која тврди дека за неговото доаѓање во Хрватска може да одлучи врховниот командант на Војската на Србија, господин Александар Вучиќ, а не да одлучуваат хрватските министри. Поради таквата изјава тој засега не е добредојден во Република Хрватска, се наведува во соопштението.

Хрватското Министерство во нотата потсетува дека Хрватска е суверена држава, членка на ЕУ и НАТО, каде за влез на странци одлучуваат единствено надлежните хрватски институции, согласно хрватските закони.

- Споменувањето на врховниот командант на Војската на Србија, Александар Вучиќ, како личност која одлучува за било чие пристигнување во Хрватска, е непримерен и неприфатлив обид за негирање на суверенитетот на Република Хрватска, пишува во соопштението, каде се додава дека „изјавата на Вулин не придонесува за развој на добрососедските односи и целосно меѓусебно почитување“. гт/10:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Јутјуб воведува полесно препознавање на песните во видеата

Платформата за споделување видео снимки Јутјуб вов...

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...