• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Извештај на Стејт департментот: Корупција има во сите сектори на власта во Албанија

Извештај на Стејт департментот: Корупција има во сите сектори на власта во Албанија

Тирана, 21 април 2018 (МИА) - Раширената корупција во сите сектори на власта, ограничувањата на слободата на изразување и медиумите, вклучувајќи ја и автоцензурата и заплашувањето на новинарите, предизвикани од финансиски и политички интереси, се само дел од забелешките на Стејт департментот во најновиот извештај за човековите права во Албанија во 2017 година.

Во извештајот се наведува дека судството, односно неказнивоста, останува сериозен проблем.

- Кривичното гонење, а особено откривањето на виновниците меѓу носителите на функции кои се огрешиле од законот, било спорадично. Функционери, политичари, судии и луѓето со силни бизнис интереси честопати биле во состојба да го избегнат кривичното гонење, се додава во извештајот.

Американскиот Стејт департмент, исто така, наведува дека во текот на 2017 година, „корупцијата била широко распространета во сите сектори на власта во Албанија“. Тој, исто така, нагласува дека политизирањето на назначувањата во Врховниот и Уставниот суд ја загрозуваат независноста и интегритетот на овие институции и дека Министерството за правда не презело соодветни дисциплински мерки против судиите.

Во извештајот исто така се наведува дека властите главно одржувале ефективна контрола над полицијата, Националната гарда, вооружените сили и разузнавачката служба „иако функционерите понекогаш ги користеле државните ресурси за лични придобивки, а припадниците на безбедносните сили правеле прекршоци".

Стејт департментот ја критикува полицијата, која, не секогаш го применува законот на избалансиран начин. Личните, политичките или криминалните врски, лошата инфраструктура, недостигот на опрема или несоодветното управување придонеле за континуирана корупција и непрофесионално однесување.

Што се однесува до слободата на медиумите, оценува дека има информации дека Владата, бизнисите и криминалните групи се обиделе се спроведат директен и индиректен политички и економски притисок, вклучувајќи ги и заканите и насилството врз новинарите кои работат на истражувачки стории за криминал и корупција.

- Политичкиот притисок, корупцијата и недостигот на средства ги потиснаа независните печатени медиуми, а проблем останува и самоцензурата, констатира Стејт департментот во извештајот за човековите права во Албанија во 2017 година. вт/гт/18:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...

Францускиот режисер Лик Бесон обвинет за силување

Познатиот француски режисер Лик Бесон (59) е обвин...