• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Индија ќе конфискува имоти на економски престапници кои ја напуштиле земјата

Индија ќе конфискува имоти на економски престапници кои ја напуштиле земјата

Њу Делхи, 21 април 2018 (МИА) - Индиската Влада усвои предлог-закон со кој се овозможува конфискување имот, главно недвижности, на лица кои се обвинети за економски криминал и кои ја напуштиле земјата.

Властите донеле таква одлука на денешната седница, предводена од премиерот Нарендра Моди. Предлог-законот за да стапи во сила прво треба да биде одобрен од претседателот на државата Рам Нат Ковинд.

Предвидено е конфискуваните имоти да се стават на продажба.

Денешната одлука е поттикната од делото кое се води против „кралот на дијамантите“ Нирав Моди, сопственик на компанија за накит од Мумбај. Тој побегна на почетокот на годинава, кога против него е покрената судска постапка за измама и перење на пари во износ од околу две милијарди долари. гт/19:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...

Францускиот режисер Лик Бесон обвинет за силување

Познатиот француски режисер Лик Бесон (59) е обвин...