• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Ердоган: Вонредната состојба е добра за економијата и штити од тероризам и штрајкови

Ердоган: Вонредната состојба е добра за економијата и штити од тероризам и штрајкови

 

Истанбул, 21 април 2018 (МИА) - Бизнис секторот треба да ја поздрави и поддржи вонредната состојба во Турција, бидејќи таа штити од тероризам и не дозволува штрајкови на работниците, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Парламентот оваа недела гласаше за продолжување за уште три месеци на вонредната состојба, која е воведена по неуспешниот обид за преврат во јули 2016 година. Тоа е седмо продолжување на вонредната состојба во земјата.

- Режимот на вонредна состојба ги засега единствено терористите. Таа исто така не дозволува и организирање штрајкови на работниците. Тоа е борба против тероризмот, истакна Ердоган на средба со бизнисмени во Истанбул.

Продолжувањето на вонредната состојба е критикувана од организациите за заштита на човековите права, но и од западните сојузници на Турција. Главната бизнис асоцијација во земјата, исто така, повика за брзо прекинување на тој режим.

- Нашите претприемачи велат дека вонредната состојба треба да биде укината, и тоа не е добро. Ние ќе ја продолжиме вонредната состојба поради мирот во нашата држава, и ќе го направиме тоа дури и десетти пат доколку е потребно, нагласи Ердоган.

Според него, инвестициите во Турција не се загрозени од режимот на вонредната состојба. гт/17:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...