• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Лавров: САД му наштетија на мировниот процес со нападите во Сирија

Лавров: САД му наштетија на мировниот процес со нападите во Сирија

Москва, 20 април 2018 (МИА) - Со нападите што САД ги изведоа во Сирија во саботата заедно со Велика Британија и Франција, му нанесоа штети на сирискиот мировен процес, оцени денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

- На 14 април во Сирија не беа бомбардирани само измислени хемиски објекти, туку и преговорите во Женава, изјави Лавров по средбата во Москва со пратеникот на ОН за Сирија, Стафан де Мастура.

Стафан де Мастура и Срегеј Лавров ЕПА

Тој нагласи дека по неодманешната средба на претседателите на Русија, Турција и Иран процесот се доближил до обнова на мировните преговори. - Таа можност пропадна по нападите, нагласи Лавров.

Де Миструра, од своја страна, повика на намалување на тензиите во Сирија.

- Неопходна е не само воена, туку и политича деескалација. Се надевам дека тоа ќе биде можно со нови разговори, додаде Де Мистура. 

Стафан де Мастура ЕПА

Тој нагалси и дека ОН се залагаат инспекторите на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) да ја завршат својата работа во сирискиот град Дума, за каде постои сомнеж дека на 7 април е извршен хемиски напад. 

Според Де Мистура. ОН се залагаат инспекторите да го истражат „местото на хемискиот напад“, што е можно побрзо и без никакво попречување. сп/21:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...