• A-
  • A
  • A+
среда, 18 јули 2018, 

Српска листа се откажа од едностраното прогласување на ЗСО

Српска листа се откажа од едностраното прогласување на ЗСО

Приштина, 19 април 2018 (МИА) - Најголемата партија на косовскиет Срби, Српската листа, денеска соопшти дека се откажува од едностраното формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), што претходно го најави за 20 април.

Ваквата најава уследи по денешната средба во Звечани на претставници на Српската листа со членовите на работната група што ја формираше косовската Влада, со задача да го подготови статутот на ЗСО.

Претставникот на Српката листа, Игор Симиќ изјави дека партијата останува отворена за разговори и решенија кога станува збор за формирање на Заедницата, во согласност со Договорот во Брисел, што го постигнаа Белград и Приштина.

Игор Симиќ

- Многумина очекува дека денеска ние ќе тргнеме онака како што Србите често дејствуваат, прво со срцето, а потоа со разумот. Но, овојпат ќе дејствуваме со разум, со цел утре никој да не ги обвинува Србите дека презеле едностани одлуки. Чекавме пет години, ќе почекаме уште три и пол месеци, изјави Симиќ.

Со сличен став вчера излезе и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој изјави дека Србија ќе чека работната група да ја заврши својата работа во рок од три и пол месеци и дека ЗСО да биде формирана согласно Бриселскиот договор.

Рамуш Харадинај

Претходно денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека ултиматумот на Српската листа за еднострано формирање на ЗСО нема да има никаков ефект, најавувајќи дека Заедницата ќе биде воспоставена врз основа на одлуката на Уставниот суд на Косово. 

- Ситуацијата е сменета. Косово е на пат кон изготвување на Статутот на ЗСО. Ултиматумот паѓа во вода, рече Харадинај на прес-конференција по денешната седница на неговата Влада. вт/сп/17:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.