• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Косовската Влада усвои Платформа за дијалогот со Белград

Косовската Влада усвои Платформа за дијалогот со Белград

Приштина, 19 април 2018 (МИА) - Косовската Влада денеска усвои Платформа за политичкиот дијалог со Белград и ја достави на одобрување до Собранието на Косово.

Како што објави „Љајми“, по усвојувањето на документот, косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека „било крајно време“ Владата до Парламентот да достави Платформа за дијалог. 

- Платформата го содржи предусловот што ја изразува добрата волја за добрососедски односи, почитување на договорите и за интеграција во ЕУ и НАТО, нагласи Харадинај.

Според него, со доставувањето на Платформата до Собранието, дијалогот станува транспарентен и ќе се овоможи сеопфатна расправа по документот. 

Харадинај истакна дека косовската Влада ќе ја почитува одлуката што во врска со Платформата ќе ја донесе Собранието.

Косовскиот премиер оцени дека дијалогот Белград-Приштина е „веќе исцрпен“ и повеќе нема никакви ефекти, па затоа косовската страна ќе инсистира на негово приведување кон крајот.

Тој нагласи и дека ќе побара од пратениците да ја завршат расправата по Платформата во одреден рок.

Харадинај се осврна и на Заедницата на српските општини, истакнувајќи дека во тек е постапка за изработка на нејзиниот статут, со што Приштина ќе ја спроведе и оваа обврска од Бриселскиот договор со Белград. сп/12:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...

Францускиот режисер Лик Бесон обвинет за силување

Познатиот француски режисер Лик Бесон (59) е обвин...