• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Меј: Ги разгледуваме следните чекори со сојузниците

Меј: Ги разгледуваме следните чекори со сојузниците

Лондон, 17 март 2018 (МИА) - Британската премиерка Тереза Меј денеска соопшти дека ќе ги разгледа следните чекори заедно со своите сојузници, откако Русија соопшти дека ќе протера 23 британски дипломати од земјата во врска со скандалот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, за што Лондон ја обвини Москва, која категорично ги демантира таквите тврдења.

- Нема да толерираме закана за животот на британските граѓани на територија на Британија од страна на руската Влада, изјави Меј на форумот на Конзервативната партија во Лондон.

Според анонимен извор од руското Министерство за надворешни работи, на Британците ќе им биде дадено време за затворање на конзулатот во Санкт Петербург, а датумот ќе биде одреден согласно меѓународните норми.

Русија денеска донесе одлука да прогласи 23 британски дипломати за „персона нон грата“, како одговор на протерувањето на ист број руски дипломати од Британија. Тие ќе треба да ја напуштат Русија најдоцна за една недела.

Властите во Москва одлучија да го затворат и Британскиот совет во Русија.

Русија има право да преземе и други мерки против Лондон доколку Британија направи уште некои непријателски чекори кон Москва.

Скрипал и неговата ќерка и понатаму се наоѓаат во критична состојба по труењето се нервен гас на 4 март. гт/16:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...