• A-
  • A
  • A+
понеделник, 18 јуни 2018, 

Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Фред Фрит ќе настапи во Скопје

Скопје, 21 јануари 2018 (МИА) - Англискиот мултиинструменталист, композитор и импровизатор Фред Фрит вечер ќе одржи концерт во Македонска филхармонија.

Фрит ќе настапи во Скопје во рамки на својата европска турнеја, а концертот е во организација на Скопскиот џез фестивал. Никогаш досега не бил дел од Скопскиот џез фестивал поради обврските што ги има како професор на Милс колеџот во Оукленд, Калифорнија. Тој е култен иноватор, гитарист, композитор и импровизатор. 

Англичанецот, кој три децении ја водеше групата „Henry Cow“, во доцните седумдесетти години на минатиот век се пресели во САД и почна да соработува со познати њујоршки експериментални музичари. По издавањето на албумот „Guitar Solos“ во 1974 година, Фрит обезбеди многу влијателно место на имровизаторската сцена во светот, не само како признат соло изведувач туку и во друштво на музичари како Бил Ласвел, Брајан Ино, Дерек Бејли, Хан Бенинк, Крис Катлер, Лол Коксил, Роберт Вајат, Том Кора, Зина Паркинс, Резидентс... Работел со поголем број состави, а неговото име се среќава на повеќе од 400 дискографски изданија. 

- Јас сум автор, композитор, мултиинструменталист и импровизатор кој музицира главно на различни пермутации на електрична и акустична гитара. Понекогаш користам и еден куп дома-направени жичени инструменти кои се плод на мојата имагинација, вели за себе Фрит. мд/са/07:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Португалец стигна со велосипед на Мундијалот во Русија

Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри ...

Бебе родено во париското метро доби 25 години бесплатно возење

Компанијата за градски превоз во Париз соопшти дек...

Сахара ќе биде покриена со зеленило по неколку милениуми

По 15.000 години се очекува Сахара да позелени, ка...

Принцот Чарлс има необичен прекар за Меган Маркл

Принцот Чарлс и неговата снаа Меган Маркл се доста...

По речиси 30 години прикажување, продуцентот открива зошто Симпсонови се жолти

Еден од продуцентите на познатата цртана серија „С...